Путин и Ердоган постигнаа договор за прекин на огнот во Идлиб

По разговорите во Москва, тие го најавија прекин на огнот, да стапи во сила на полноќ..

Рускиот и турскиот претседател Владимир Путин и Реџеп Таип Еердоган постигнаа договор за ставање крај на борбите во сириската провинција Идлиб.

По разговорите во Москва, тие го најавија прекин на огнот, да стапи во сила на полноќ.

Иако се сојузници во борбата против тероризмот во регионот, Москва и Анкара честопати беа на курс на неизбежен судир во Идлиб – територија во северозападна Сирија, каде Русија му помага на сојузникот, сирискиот претседател Башар ал Асад, да го заземе последниот бастион на бунтовништво.

Турција, заедно со западните влади, ја обвини сириската влада за вршење бомбашка кампања со руска поддршка која предизвика хуманитарна криза со речиси милион цивили кои бегаат од подрачјето на сириско-турската граница.

Како одговор, Турција започна воена кампања чија цел е заштита, на како што ги нарече бунтовниците кои војуваат против Асад, и не се терористи, а се наоѓаат на територијата на Идбил.

Турција соопшти дека од воздушните напади на сириските сили загинале 54 турски војници во февруари.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top