Путин и Трамп ќе се сретнат во Аргентина

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега , Владимир Путин ќе се сретнат во Аргентина следниот месец..

Путин и Трамп во Буенос Аирес ќе присуствуваат на Самитот Г-20 , а на маргините ќе имаат подолга средба , соопшти Кремљ.

Средбата на двајцата светски лидери во Париз на одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата светска војна ќе биде кус , изјавија од кабинетот на Путин.

Трамп и Путин последен пат се сретнаа во јули во Хелсинки , што предизвика негодување во САД , каде критичарите го прозваа Трамп дека и се додворува на Москва.

Состанокот на маргините на Самитот во Аргентина , кој се одржува на 30 ноември и на 1 декември , ќе биде долготраен и конструктивен , изјави Јуриј Ушаков од кабинетот на Путин.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top