Путин и Трамп разговарале за Г7 и за цената на нафтата

Американскиот претседател Доналд Трамп разговарал телефонски со рускиот претседател Владимир Путин за неговата идеја да се одржи самитот на Г7 со евентуална покана за Русија, соопшти денеска Кремљ..

Трамп во саботата изјави дека ќе го одложи одржувањето на самитот Г7 за кој се надеваше дека ќе се одржи од следниот месец до септември или подоцна и дека продолжената покана ќе ја добијат и Австралија, Русија, Јужна Кореја и Индија.

Москва порано денеска асоопшти  дека треба повеќе детали пред да одговори.

Двајцата водачи разговарале и за договорот со ОПЕК за намалување на производството на нафта и мерките против коронавирусот. Путин му се заблагодарил на Трамп за испораката на американски респиратори, соопшти Кремљ и му честитал на Трамп за првиот лет на астронаутите на НАСА во вселената од американската почва по девет години.

Велика Британија и Канада се спротивставија на идејата да ја поканат Русија на форумот од кој била протерана во 2014 година, откако Москва го анектираше Крим од Украина.

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска изјави дека Канада не го поддржува враќањето на Русија во Г7 затоа што Москва продолжува да го крши меѓународното право.

„Русија беше исклучена од Г7 по инвазијата на Крим пред неколку години и нејзиното континуирано непочитување и кршење на меѓународните закони и норми е причќината зошто е надвор од Г7 и ќе остане така“, рече Трудо на дневната прес конференција.

Во саботата, Трамп рече дека Г7, во која се групираат најнапредните светски економии, е „многу застарена групација на земји“ во сегашниот формат.

На прашањето дали ќе присуствува на самитот Г7 ако дојде рускиот претседател Владимир Путин, Трудо рече дека нема, велејќи дека треба „многу повеќе дискусии“ пред самитот.

Но, тој рече дека Г20, во кој е вклучена Русија, е форум што вклучува земји „со кои не мора да имаме блиски односи“.

„Г7 секогаш беше место за чесни разговори со сојузниците и пријателите кои многу споделуваат. Тоа е секако она што се надевам дека ќе го видам“, рече Трудо.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top