Путин им се заблагодари на Србите за пријателството

Рускиот претседател, Владимир Путин вчера при посетата на Белград на Србите им се заблагодари за пријателството..

„Ви благодариме за вашето пријателство", се единствените зборови кои Путин ги упати пред црквата на Свети Сава на српски јазик.

На платото пред Свети Сава се собраа повеќе од 100.000 граѓани за поддршка на Путин. Тие се собраа на покана на Српската напредна партија.

„Може да кажам дека многу топло се однесуваме кон овие гестови на пријателство. Односите меѓу Русија и Србија не се од вчера и денес, тие се создадени во текот на вековите, имаат силни и длабоки корени и ние сме поврзани со духовна интимност ", рече Путин.

Путин, српскиот претседател Александар Вучиќ и српскиот патријарх Иринеј беа во посета на најголемата православна црква на Балканот, чија изградба беше поддржана од  руската држава.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top