Путин ја карактеризира руската вакцина против ебола како најефикасна на светот

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин ја карактеризираше руската вакцина против ебола која им се испорачува на африканските земји како најдобрата на светот..

„Успешно e воспоставена соработка за борба против оваа опасна заразна болест. Нашата земја беше меѓу првите кои реагираа на епидемијата на ебола, издвојувајќи над 60 милиони долари за борба против неа. Треба да се каже дека вакцината се покажа како многу ефикасна, и според мене најдобра во светот“, рече Путин на пленарната сесија на економскиот форум „Русија-Африка“, пренесува РИА „Новости“.

Болеста на вирусот ебола е акутна вирусна инфекција од која заболуваат луѓето и некои животни. Епидемијата на ебола ја зафати западна Африка во 2015 година, погодувајќи пред сѐ три земји - Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија. Според податоците на Светската здравствена организација, во текот на последната голема епидемија на вирусот ебола биле заразени 28,6 илјади луѓе, а над 11,3 илјади починале.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top