Путин: Мисијата во Сирија е остварена

Со посетата на Блискиот исток, рускиот претседател ја започна претседателската кампања.

Владимир Путин минатата недела потврди дека на изборите закажани напролет ќе побара петти мандат како претседател на Русија, а неделава ја започна предизборната кампања, и тоа не во неговата татковина, туку на Блискиот Исток.

Со посетите на Египет, Турција и Сирија, каде што објави дека руската војска ја остварила целта со поддршката на претседателот Башар ал Асад и спречување на негово симнување од власта, Путин оптимистички најави дека ја вратил национална гордост и улогата на Русија како сериозна светската сила.

Повторниот избор на Путин се чини дека е обезбеден - анкетите покажуваат лесна победа за човекот кој доминира во руската политика речиси две децении. Но тој и неговите соработници наводно се плашат од апатијата на гласачите и се решени да обезбедат голем одѕив на изборите, за да обезбедат поголем легитимитет.

Руските државни медиуми во живо го покриваа патување на Путин, чиј авион во Сирија беше придружуван од руски борбени авиони. Тој за време на посетата на руската воена база во Сирија доби благодарност од Асад.

Во Каиро, Путин потпиша договор за изградба на нуклеарен реактор на египетскиот медитерански брег.

Слично беше и во Анкара, каде што за време на заедничката прес-конференцијата, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го нарекуваше Путин како „мојот драг пријател“.

Во Сирија Путин кажа дека мисијата за спасување на Асад е „е остварена“ и објави дека се создаден услови за делумно повлекување на руските сили од Сирија. Фалејќи ги руските трупи во воздухопловната база во Латакија, Путин зборуваше за нивниот триумф: „Ги покажавте најдобрите квалитети на руски војник - храброст, дух на соработка, одлучност и одлични вештини. Татковината е горда на вас.“

Меѓутоа, тој не спомна за цивилните жртви од неселективните руски воздушни напади.

Од септември 2015-та година кога Путин започна со воената интервенција во Сирија, имиџот на Русија на Блискиот Исток се подобри, пркосејќи им на западните предвидувања дека вмешаноста во сириски конфликт ќе резултира со катастрофа за Москва.

Поранешниот американски секретар за одбрана Аш Картер, предвиде дека мисијата на Путин е „осудена на неуспех“, тврдејќи дека Русија ќе се вплетка во конфликт од типот на Виетнам. Но, засега тоа не се случи.

Русија сака да игра и поголема улога во Либија, со можност да изгради нов поморски објект, велат аналитичарите. Руските дипломати и генерали му се додворуваат на генералот Калифа Хафтар, кој не крие дека сака да владее со Либија.

Русија се наметна и во израелско - палестинскиот мировен процес. Минатата година, Путин понуди да биде домаќин на мировните преговори меѓу Израел и Палестинците. Неделава рускиот претседател реагираше на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим, третиот најсвет град во исламот, како главен град на Израел.

Потегот на САД „не му помага на блиско источниот мировен процес, напротив, има дестабилизирачки ефект во и онака тешката ситуација во регионот“, изјави Путин на прес-конференцијата во Анкара.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top