Путин му откажа на Вучиќ - не доаѓа во Србија

Кремљ официјално денеска демантираше дека рускиот претседател Владимир Путин доаѓа во посета на Србија..

Амбасадорот на Русија во Србија , Александар Чепурин денеска изјави дека во октомври или ноември во Белград ќе пристигне претседателот Путин. Но , само по неколку часа од Кремљ стигна демант во кој се наведува дека рускиот претседател нема намера наскоро да ја посети Србија.

,,Не , за сега не.” , кусо одговори портпаролот на Кремљ Песков на прашањето дали Путин ќе ја посети Србија. Нема најави ниту дека почнале подготовки за таквата посета.

Во Србија неколку пати имаше најави дека Путин се очекува да дојде во ноември на прославата на стогодишнината од победата на Антантата во Првата светска војна.

Претходно и претседателот Александар Вучиќ изјави дека Путин ја прифатил неговата покана да ја посети Србија до крајот на годинава.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top