Путин му рекол на Макрон дека е умерен оптимист за Украина

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Франција зборуваше за ,,внимателен оптимизам” , кога станува збор за истојкот на Украина , откако контактирал со новоизбраниот претседател Володимир Зеленскиј..

За време на прес конференцијата , пред средбата со францускиот претседател Емануел Макрон , Путин најави дека ќе разговара со него за своите телефонски контакти со новоизбраниот украински претседател Зеленскиј .

Францускиот претседател на средбата се заложил за четирилатерална средба во текот на анредните недели , бидејќи смета дека постои промена во односите на Москва и Киев.

На средбата во летната резиденција на Макрон на југоистокот на Франција беше договорен самит во Нормандиски формат (Русија, Украина, Франција и Германија). Макрон на средбата со Путин се заложил за безбедност и доверба меѓу ЕУ и Русија.

Тој од својот руски гостин побарал Москва да се успгласи со демократските начела и повика на почитуваљње на слободата на говор и слободни избори во Русија.

Путин изјави дека ја поддржува сириската војска во борбата против терористичката закана , откако Макрон се заложи за прекин на борбите во Идлиб.

Францускиот претседател најави дека ќе ја посети Русија во мај 2020 година за да учествува на одбележувањњето на 75 . годишнината од победата над фашизмот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top