Путин потпишал закон кој забранува навреда на државата

Рускиот претседател Владимир Путин потпишал закони според кои се забранува непочитувањето на државата и ширењето на опасни лажни вести на интернет..

Предлог законот кој рускиот парламент го усвои овој месец воведува казна за објавување на материјали кои покажуваат непочитување на државата, нејзините симболи или државните органи.

Повторните сторители би можеле да се соочат со 15 дена затворска казна, пренесува „АП“.

Уште еден закон предвидува блокирање на секој оној кој на интернет ќе објавува “лажни вести“, за кои се смета дека го загрозуваат јавното здравје и безбедност.

Според овој закон, оние кои ќе објавуваат такви информации ќе имаат еден ден да ги исправат или отстранат.

Доколку тоа не го направат, ќе бидат  блокирани.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top