Путин повика на интеграција со Белорусија по изборните немири

Рускиот претседател Владимир Путин кажа денес дека сака соседна белорусија повторно да ги активира замрзнатите плани за потесна интеграција со Рсуија по новата изборна победа на долгогодишниот белоруски лидер Александар Лукашенко..

Путин ова го изјави во момент додека белоруската опозиција ги отфрла резултатите од претседателските избори одржани во неделата на кои Лукашенко однесе уверлица победа, кажувајќи дека треба да се почнат преговори за мирен пренос на власта.

Рускиот претседател веќе долго заговара потесни односи со Минск под закрила на една држава, што Лукашенко досега го отфрлаше, обвинувајќи ја Русја дека сака да ја голтне неговата земја од 9,5 милиони жители.

Белорусија е клучна транзитна земја за руската нафта на патот кон Западот и Москва ја смета за корисна тампон зона во однос на НАТО.

„Се надевам дека вашето државничко дејствување ќе придонесе на развојот на заемно корисните руско-белоруски односи во сите области, ќе се продлабочи соработката во Сојузот на Русија и Белорусија и ќе ги зајакне интеграциските процеси“, наведе Путин во честитката до Лукашенко.

Путин кажа дека се надева дека Белорусија ќе избере и потесни воено-политички врски со Русија во одбранбениот блок на кој заедно припаѓаат.

65-годишниот Лукашенко сѐ уште не одговорил на пораката.

Тој со години се обидува да избалансира меѓу Русија и Западот и Кина.

Тој не сака потесни односи со Русија откако Москва ги намали субвенциите на белорускиот енергетски сектор, а во предизборниот говор ја критикуваше кажувајќи дека некогашните братски односи ги свела на ниво на партнерство.

Лукашенко минатата недела кажа дека спорот со Русија околу нафтата ја чинел неговата земја 700 милиони откако двете земји не успеаја да постигнат договор за испорака на нафта на почетокот на годината.

Ги отфрли и обидите Русија да отвори воздухопловна база на белоруска територија и обвини група притворени руски државјани дека влегле во земјата пред изборите за да поттикнат револуција, што Москва го отфрла.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top