Путин разговарал со Ердоган за Сирија

Официјална Москва соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин синоќа разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за ситуацијата на северот на Сирија..

Кремљ наведува дека притоа била „воочена потребата од спречување на судири меѓу единиците на турската војска и силите на сириската влада и го потврдиле почитувањето на територијалниот интегритет на Сирија“. 

Сириската војска тргнала на север врз основа на спогодбата со Курдите кои побараа заштита од турската офанзива што уследи по повлекувањето на американските војници од тоа подрачје.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top