Путин: Русија мора да остане силна претседателска република

Претседателот на Русија, Владимир Путин, беше запрашан за можен период на транзиција по завршувањето на мандатот по четири години ,а тој рече дека верува оти Русија мора да остане силна претседателска република..

Тој ова го рече денеска на телевизиска средба со студентите во Сочи.

Минатата недела Путин, кој според Уставот веќе не може да се кандидира за претседател, предложи уставни измени кои му даваат неколку опции за да ја задржи власта по истекот на неговиот мандат.

Меѓу нив е намалување на овластувањата на претседателот и засилување на премиерот, што предизвика шпекулации дека Путин може да се врати на позицијата што ја имаше од 2008 до 2012 година.

„Нашата земја, очигледно, мора да биде силна претседателска република. Тоа е првото нешто. Имаме толку многу етнички групи, националности, стилови на живот, што е практично невозможно да се интегрираат во парламентарна република“, рече Путин, сосема оддалечувајќи се од изјавите од минатата недела.

На прашањето дали Русија треба да се подготви за специфичен период на транзиција, како што стори Сингапур, Путин рече дека тоа не одговара на неговата земја.

Ли Куан Ју, основачот на современиот Сингапур, станал министер-ментор или еден вид советник по пензионирањето за да овозможи стабилност на власта.

„Тој беше извонреден човек. Тоа е точно. Тој беше, како што знам, 30 години на власт и ја основа државата, тоа е вистина. Сакате јас да бидам министер-ментор?"  праша Путин.

„Вашиот предлог ќе се спротивстави на институцијата претседател. Мислам дека не може да се примени за земја како Русија“, рече Путин, кој како претседател и премиер веќе дваесет години доминира во руската политика.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top