Путин се тестира за коронавирус на секои три – четири дена

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави денеска дека редовно се тестира за коронавирус и дека сите тестови што ги извршил досега биле негативни..

„Редовно, еднаш на секои три или четири дена“, рече Путин во интервју за каналот Русија-1, одговарајќи на прашањето колку често се тестира.

На прашањето дали резултатите се негативни, тој одговори: „Фала му на Бога, досега беа“, пренесува ТАСС.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top