Путин: Третата светска војна би имала најпогубно влијание врз човештвото

Не знам со какво оружје ќе се води Третата светска војна, но Четвртата ќе се води со стапови и камења, изјави денеска претседателот на Русија, Владимир Путин во традиционалната годишна програма „Директна линија со рускиот претседател“..

Не знам со какво оружје ќе се води Третата светска војна, но Четвртата ќе се води со стапови и камења, изјави денеска претседателот на Русија, Владимир Путин во традиционалната годишна програма „Директна линија со рускиот претседател“.

Тој смета дека евентуална Трета светска војна би имала најпогубно влијание врз човештвото.

– Немаше глобални судири бидејќи во светот има стратешки паритет. Без оглед колку тоа звучи непријатно – стравот од меѓусебно уништување ги спречувал и присилувал воените сили меѓусебно да се почитуваат, нагласи Путин.

Тој вели дека е време да се седне на преговарачка маса и да се направи модерна шема на европската и меѓународна безбедност.

Путин се воздржа да одговори кога осносите на Русија со Западот може да се подобрат, истакнувајжи дека Москва мора да ги штити своите интереси.

– За Русија е јасно дека мора да ги заштити своите интереси и тоа постојано да го прави без груби и необични методи, но мораме да ги заштитиме нашите интереси во економијата и безбедноста, рече Путин.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top