Путин: Вакцината против коронавирусот мора да биде безбедна и ефикасна

Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека вакцината против коронавирусот мора да биде безбедна и ефикасна..

„Клучните барања се вакцината да биде безбедна и да се покаже ефикасна. Мора да бидеме апсолутно сигурни во нејзината ефикасност и ќе се водиме од тоа кога ќе донесеме понатамошни одлуки во врска со вакцинацијата против вирусот“, рече Путин за време на состанокот за епидемиолошката состојба во Русија.

Путин оцени дека руските истражувачки капацитети постигнале „сериозен напредок“ во тој поглед, пренесува ТАСС.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top