Работата е сериозна: Скаути на Реал го следеа Џеко вечерва

Во плејадата имиња кои се поврзуваат со Реал Мадрид во јануарскиот преоден рок, некако најчесто се спомнува босанскиот репрезентативец Един Џеко..

Фудбалерот на Рома вечерва бил скаутиран на пријателскиот натпревар меѓу Шпанија и БиХ што се играше во Лас Палмас. Претставници на Реал присустувале на дуелот, а се очекува конкретна средба со него и неговиот агент да имаат на меѓусебната пресметка на Рома и Реал во рамките на Лигата на шампионите на 27 ноември во Рим.

Европскиот првак е во очајна потрага по нов напаѓач кој ќе ја реши голгетерската криза во која се најде екипата на почетокот од новата сезона. Прашање е само дали Рома ќе се согласи да го пушти својот фудбалер откако во текот на летото го одби Челси.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top