Работни групи на власта ќе го усогласуваат Законот за јазици со Венеција

Власта ќе формира работни групи за усогласување на Законот за употреба на јазиците со препораките на Венецијанската комисија..

Премиерот Зоран Заев бара во групите да се вклучат сите коалициски партнери, а го прифаќа фактот дека за законот се полемизира на прагот на предвремените парламентарни избори.

За лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Законот за јазиците е усвоен со консензус и не може да се менува.

„Овој закон е постигнат со консензус, со вонредна дебата, тоа е закон кој извира од Охридскиот договор како документ од посебна важност со меѓународна гаранција од САД, Европа и НАТО“-изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Албанската опозиција препораките од Венеција ги смета како неважни и најавува дека ниеден пратеник Албанец нема да формира Бадентерово мнозинство за евентуални измени.

„Без да се има емпириски податоци, мислењето на Комисијата е неважно без да се заборави и фактот дека мислењето не е обврзувачко, туку само советодавно“-рече Сурија Рашиди, пратеник на АА.

„Ова е игра која се игра меѓу СДСМ, ДУИ и ВМРО за политички поени. За овој закон е потребно гласање со две третини или Бадентер, но сигурно ниеден пратеник Албанец нема волја за негова ревизија“-истакна Фадил Зендели, пратеник на Движењето Беса.

Но и покрај сè, ВМРО-ДПМНЕ работи на изготувување на амадманите.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top