Работните групи утре ги продолжуваат преговорите за законот за Jавно обвинителство

Работните групи на власта и на опозицијата утре ги продолжуваат преговорите за законот за јавно обвинителство..

Социјалдемократите велат дека ќе се постигне договор само ако ВМРО-ДПМНЕ покаже подготвеност за владеење на правото.

Опозицијата го тврди спротивното – дека власта не е заинтересирана за брзо решение. Уверува дека ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се непроменети.

Спикерот џафери најавува дека пленарна седница за Законот за јавно обвинителство ќе свика кога ќе го добије извештајот од комисијата каде предлогот е во второ читање. Тој не ја исклучува можноста, поради различните ставови на власта и опозицијата, да не се обезбеди двотретинско мнозинство.

Преговорите се заглавени за тоа како треба да изгледа институцијата што ќе ги наследи предметите на СЈО. 

Владата сака да има Обвинителството за гонење организиран криминал и Обвинителството за гонење висока корупција, додека опозицијата го сака сегашниот модел, при што таа би имала одлучувачки збор за шефот на ова обвинителство.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top