Рада Манојловиќ и Дара Бубамара во војна ?!

Српските пејачки Рада Манојловиќ и Дара Бубамара периодов се во војна..

Рада Манојловиќ важи за мирна и тивка пејачка која никогаш прва не им забележува на колешките. Меѓутоа, изгледа дека и таа реши да ја промени плочата и да го пушти јазикот, пишува српски Курир.

Манојловиќ жестоко ја навреди Дара Бубамара, нарекувајќи ја срам на естрадата. Гостувајќи на една национална телевизија, Рада ја прашале дали се дружи со Дара, по што таа за колешката кажала се најлошо, но без вклучена камера.

-Не ми паѓа на памет да се дружам со неа. Таа е дно. Го сруши изгледот на останатите пејачки. Ги видовте ли само порно фотографиите? Тоа е грозно и секогаш ќе ја следи, а мајка е! Сите и се смееја за тоа. Дара е брука на естрадата, вели изворот од лице место, а индиректно ги потврди овие сознанија:

-Каде има чад има и оган. Не сакам да зборувам за тоа, кратко изјавила Рада и луто го завршила разговорот.

Од друга страна, Дара веќе е упатена во тоа што го зборува колешката Рада:

-Слушнав многу лоши работи за мене, но не се потресувам! Не ми е ни до колена. Многу таа Рада, таа селанка има да работи на себе за да не ме коментира мене. Не е ниту прва, а ни последна која ме озборува, но јас тоа го разбирам. Љубоморни се на мене зашто полнам клубови, имам хитови, само тоа ќе го кажам, порачува Бубамара.

Извор: Естрада Плус


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top