Радев: Членството на Македонија во НАТО не загрозува никого

Во тој правец, бугарскиот претседател додаде дека треба да се намалат тензиите меѓу НАТО и Русија и да се воспостави целосен дијалог во врска со безбедносните прашања..

Бугарскиот претседател, Румен Радев, во интервју за руската агенција ТАСС, вели дека идејата оти безбедноста на една земја се осигурува на сметка на друга е погрешна и дека членството на Македонија во НАТО не може да претставува закана за никого, туку го намалува потенцијалот за регионални конфликти.

„Членството на земјите од западен Балкан во НАТО кое Бугарија го поддржува, го намалува потенцијалот за конфликти во нашиот сложен регион“, потенцира Радев.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top