Радев: Софија да постави црвени линии во поддршката за Скопје!

„Раните не се зараснати и лични емоции не помагаат“, порача Радев..

Бугарскиот претседател Румен Радев побарал официјална Софија да постави јасни црвени линии кога е во прашање поддршката од Бугарија кон евроинтеграциите на земјава, пренесува „news.bg“.

„Мораме да бидеме искрени и јасни и да ги поставиме нашите црвени линии“, рекол Радев, додавајќи дека должност на Бугарија е да даде поддршка за Македонија, „но не безусловна и не безрезервна“!

Радев оценил дека сѐ уште има незавршена работа кај учебниците, книгите, медиумите, телевизиите и слично, во коишто имало работи што нѐ раздалечуваат, па вели дека тие точки треба да бидат расчистени.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top