Радиоактивни честички откриени во Јужна Кореја по севернокорејската нуклеарна проба

Мала количина траги од радиоактивни честички се откриени во Јужна Кореја, соопшти јужнокорејската Комисија за нуклеарна безбедност и заштита..

Радиоактивни изотопи на ксенон се откриени при анализи на примероци земени од почвата, воздухот и морската вода, нагласува Комисијата.

Потребни се дополнителни анализи за да се утврди дали изотопите се последица на севернокорејскиот нуклеарен тест и дали била направена проба на хидрогенска бомба.

Откриените траги од ксенон-133 не се сметаат за штетни за луѓето и животната средина.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top