Раги: Сакам да го извлечеме Лестер и тоа поради Раниери

Денеска на распоредот е ждребот од четвртфиналето на Лигата на шампионите, пред кој секој има различни желби..

Некој своите желби ги чува за себе, додека некои не се двоумат да ги споделат и јавно.

Еден од тие е дефанзивецот на Минако Андреа Раги, кој отворено порача дека за противник го сака Лестер и тоа поради желба за одмазда.

„Во четвртфиналето го сакам Лестер. Тоа би било забавен предизвик, а мислам дека ќе ги победиме. Сакам на тој начин да се одмаздам за Раниери, кој ми испрати убава честитка после триумфот над Сити“, рече 32-годишниот италијански стопер.

Клаудио Раниери претстојуваше на натпреварот Монако и Манчестер Сити, каде што домашниот тим славеше со 3:1.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top