Рајола на Олд Трафорд: Нов договор или трансфер?

Еден од најконтроверзните светски менаџери Мино Рајола во текот на вчерашниот бил во Манчестер каде имал средба со претставници на Јунајтед..

Многумина помислија дека го договара трансферот на Пол Погба, но англиските медиуми тврдат дека, всушност, се обидува да издејствува продолжување на договорот за подобри услови. Рајола бара зголемување на годишната плата за четири милиони евра со што таа би изнесувала 21 милион евра.

Погба има уште две години од договорот со Јунајтед со можност за продолжување на уште една. Реал внимателно ја следи ситуацијата и го чека вистинскиот момент да испрати понуда која би го однела Французинот во Мадрид.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top