Ракитиќ долева масло на огнот: Да се прашувам јас, веднаш би ја отворил вратата на Барса за Нејмар!

Веднаш по натпреварот со Малага, Иван Ракитиќ, изјави дека доколку би имал можност, веднаш би го вратил Нејмар во Барселона, со што дополнително ги подгрева шпекулациите од изминатиот период дека Бразилецот наводно побарал да се врати во Каталонија..

Хрватот истакна дека не знае ништо околу можното враќање на Нејмар во Барселона, ниту дали тој разговарал со некој од старите колеги.

„Не ми рекол ништо, но ако се прашувам јас, тогаш вратата од Барселона веднаш ќе му биде отворена“, изјави Ракитиќ за новинарите по мечот со Малага.

„Не поради односот кој го имам со него, туку поради типот на играч каков што е. Секогаш би го ставил Неј во мојот тим“, изјави Ракитиќ, по што се осврна на синоќешниот меч на Барса.

„Во последните неколку сезони си поминувавме лошо тука, но мислам дека сега бевме супериорни и дека можеме да се подготвиме за се што доаѓа“, заклучи хрватскиот интернационалец.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top