Рама: Регионалната економска зона не создава поранешна Југославија

Албанскиот премиер на денешната прес-конференција изјави дека одлуката донесена на самитот во Трст во врска со создавањето регионалната економска зона ја вклучува и Албанија и нема за цел да креира поранешна Југославија..

“Би сакал да ја истакнам важноста на овој чекор кој има за цел создавање заеднички регионален пазар.” – изјави Еди Рама, премиер на Албанија

Рама додаде дека овој проект има за цел подобрување на капацитетите за да се добие поголем пазар и зголемување на увозот и извозот во регионот.

“Ова е исто така можност да се придружите на европскиот пазар. Бесмислено е да губиме време на што сме го слушале досега. Овој проект е европски и не се состои од алтернативен избор. Не е стремеж за рекреирање на Југославија. Правиме чекори за координација во регионот”- изјави Рама



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top