Рама: Силна и демократска Македонија значи и посилна и подобра Албанија

Посилна и демократска Македонија, ќе значи и успешна Албанија, изјави албанскиот премиер Еди Рама по денешната средба со македонскиот премиер Зоран Заев на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан во Трст, пренесува АТА..

– Нема тензии меѓу нас на ниво на држави. Имаше некои внатрешни политички тензии и зголемена, дури и скандалозна реторика во Македонија, за што не сакам да коментирам. Едноставно е, колку Македонија е посилна, подемократска и поуспешна, толку посилна и подобра е Албанија. Бидејќи во Македонија живеат Албанци кои се државотворен народ и колку се тие подобри, толку сме и ние и нашата заедничка иднина, изјави Рама за Дојче веле.

Прашан што е постигнато во разговорот со Заев, Рама рече дека зборувале за иднината, не за минатото и дискутирале за чекорите што ќе се преземат за јакнење на билатералните односи во сите аспекти.

– Јас јасно му кажав на мојот колега дека ние сакаме успешна Македонија во сите аспекти, истакна Еди Рама.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top