Рама: Со признавање на Косово, Србија ќе се ослободи од товарот на минатото

Рама додава дека обединувањето во ЕУ е заедничка амбиција на земјите од регионот..

Албанскиот премиер Еди Рама смета дека со признавање на независноста на Косово, Србија би се ослободила од товарот на минатото“.

„Албанија е убедена дека со признавањето на Косово, Србија ќе направи голем чекор напред и ќе се ослободи од товарот на минатото, во овој историски миг за регионот, кој се соочува со потребата од комплетирање на започнатиот процес за обединување во ЕУ“ напиша Рама на својот профил на Фејсбук, информирајќи дека учествува на Конференцијата за светски политики што се одржува во Мароко.

Рама додава дека обединувањето во ЕУ е заедничка амбиција на земјите од регионот во континуираните заложби за „зголемување на благосостојбата на граѓаните“.

Со текстот Рама постира и фотографија за „блискост шти му е потребна на Балканот“, на која е со неговата српска колешка Ана Брнабиќ. 



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top