Рама: Тиранската платформа е мит креиран од македонски политичари

“Тиранската платформа е мит” а Балканот може да полуди ако ЕУ не го зајакне процесот на интеграција на овие земји во ЕУ.

“Тиранската платформа е мит” а Балканот може да полуди ако ЕУ не го зајакне процесот на интеграција на овие земји во ЕУ, изјавил албанскиот премиер Еди Рама во интервју за влијателниот медиум “Политико”.

Во разговорот со новинарот на “Политико” Рама ја брани платформата на албанските партии и вели дека тој само ја олеснил средбата на албанските партии од Македонија и воопшто не се мешал во внатрешните работи.

“Митот дека албанските партии следат платформа напишана во Тирана беше креиран во Скопје од политички причини. Тоа е лага, мит со лош вкус креиран од политиката. нападите врз платфромата се опасни бидејќи тоа е политика која разгорува поделби а не заедништво…. Тоа е последна работа што и е потребна на Македонија, последна работа што ни е на сите потребна – разгорување на меѓуетнички конфликт бидејќи овие работи тешко се контролираат”, вели Рама за “Политико”.

За албанскиот премиер Албанците од Македонија имаат “целосно правп да бараат еднаквост во нивните македонски браќа” а платформата бара права и слободи кои се запишани во Охридскиот договор.

Но во ова интервју Рама пред се зборува за перспективата на проширувањето на ЕУ кон Балканот која бледнее. Ако оваа перспектива сосема избледи, унија помеѓу Албанија и Косово не може да се отрфли.

Европа ќе се соочи со “кошмар” ако ЕУ проширирувањето исчезне од агендата бидејќи Балканот “ќе полуди” и ќе стане “сива зона во која други актери имаат повеќе влијание отколку ЕУ”.

Тој додава дека некои албански националисти сакаат унија со Косово а најголемата косовска опозициона партија бара референдум за формирање унија Албанија иако тоа решително е отрфлено во косовскиот Устав.

“Единствениот начин да се задржи Балканот мирен и кооперативен е да се држи патот кон ЕУ отворен, перспективата да остане јасна и емоциите кон ЕУ да останат позитивни”, вели Рама.

И додава – “ако нема надеж, ако нема перспектива, нема простор тогаш, се разбира, малите унии може да се случат”, вели тој објаснувајќи дека на Балканот сите би сакале во големата ЕУ.

novatv.mk


Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top