Раседот за кој се веруше дека мирува, може да го разори Лос Анџелес

Научниците предупредуваат дека раседот по должината на брегот крај американскиот мегалополис Лос Анџелес, за кој се веруваше дека мирува, всушност е активен и би можел да предизвика разорен земјотрес со магнитуда од 6,4 според Рихтер..

Доколку овој е поврзан со другите раседи, би можел да предизвика потрес со магнитуда 7, наведува тимот научници од универзитетот Харвард, универзитетот на Јужна Каролина и американскиот Геолошки институт.

Раседот познат како Вилмингтон Блајнд-Траст, се простира на околу 20 километри, северозападно од плажата Гантингтон, преку пристаништетот во Лос Анџелес и Лонг Бич, до источната страна на полуостровот Палос Вердес и заливот Санта Моника. Веќе со децении е познато дека постои овој расед, но долго време се сметаше дека е во мирување и дека не постои причина за загриженоста за жителите на Лос Анџелес.

„Не пукнува често, но е како заспан џин… Тоа што е бавен, не значи дека не е опасен“, вели Френклин Волф, докторант од областа на структуралното моделирање и ресурсите на Земјата на Харвард.

Наречен е „слеп“ расед, бидејќи не избива на површината и нема никакви пункатини кои би можеле да укажат на неговото постоење. Раседот се наоѓа под нафтените полиња Вилмингтон, а откриен е благодарејќи на податоците од нафтената индустрија. Анализите покажуваат дека е мирен најмалку два милиона години. Диро пред десет години кога научник од Американскиот геофизишки институт USGS ги проучувал резервоарите од подземна вода, открил пукнатини во поплитките слоеви отколку што тоа го регистрирале нафтените експтерти.

Волф наведува дека раседот многу бавно се придвижува и дека пукнување може да се случи за 3.000 до 5.000 години. Раседот, инаку, се наоѓа до уште еден застрашувачки расед Њупорт-Инглвуд. Во потресот на Лонг Бич во 1933 година, загинале 120 луѓе и тогаш властите почнале да ги носат првите градежни прописи во сеизмичките области.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top