Рашковски е под истрага во Обвинителство за набавката на радарскиот систем

Наредена е и темелна анализа на документацијата, по што обвинителството ќе донесе мериторна јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката..

Oбвинителството за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека е отворен предмет и се постапува во врска со случајот со спорниот тендер за набавка на радарски систем, по објавената аудио снимка каде се слуша гласот на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

– По реакциите во јавноста во кои обвинителството се повикува да го расветли случајот со спорниот тендер за набавка на радарски систем, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека веднаш по објавената аудио-снимка е отворен предмет по допрен глас. Во меѓувреме кон овој предмет е споена и кривичната пријава поднесена од страна на политичка партија. Во август надлежниот јавен обвинител што постапува по предметот до Министерството за внатрешни работи издаде Наредба за прибирање на севкупната документација за предметот, се наведува во соопштението од Обвинителството.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top