Раскол во соблекувалната на Јунајтед - Англичани против Шпанци!

Во екипата на Манчестер Јунајтед дошло до огромна тензија последните недели и се претпоставува дека тоа е причината за лошата резултатска серија на екипата, пишува весникот Сан..

Наводно, во преден план е продолжувањето на договорите со домашните и странските фудбалери, конкретно Шпанците во составот. Тројцата англиски репрезентативци Ешли јанг, Крис Смолинг и Фил Џонс експресно ги завршија преговорите и добија повисоки плати, а настрана останаа Де Геа, Мата и Ерера.

Последниот од нив најверојатно и ќе си замине, односно ќе ја продолжи кариерата во ПСЖ како слободен играч, а нема да биде чудо ако и другите двајца го сторат истото. Тензијата доаѓа во период кога Јунајтед се бори за пласман во Лигата на шампионите, а утре го очекува дерби со Сити.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top