Распишан тендер за опрема за новиот Медицински симулациски центар

Министерството за здравство распиша тендер за набавка на опрема за новиот Медицински симулациски центар во вредност од 37 милиони денари..

Отворањето на понудите ќе се одржи на 16 септември, а се очекува опремата да пристигне до крајот на годинава, најави денеска министерот за здравство, Никола Тодоров. 

Овие симулатори ќе се користат за стекнување на практични знаење на студентите, специјализантите и за продолжување на лиценцата на докторите.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top