Расправата за Зврлевски утре, денеска е годишнина од Рамковниот

Расправата во Собранието на чиј дневен ред е разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски ќе продолжи во понеделник..

Претседателот на Собранието Талат Џафери првично седницата ја закажа за денеска, но во меѓувреме ја презакажа расправата за утре во 11 часот зашто тој денеска во 19 часот ќе се обрати по повод одбележувањето на 16 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор во хотелот Александар Палас во Скопје. 

Вчера на собраниската седница пратениците од опозицијата му предложија на претседателот на Собранието Талат Џафери расправата да ја закаже во понеделник, но тој не се согласи и закажа ново продолжение за денеска со образложение дека поради нивните бројни реплики тие се одговорни што Собранието треба да работи и во недела.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top