Расте бројот на загинати во Турција - Потресите не запираат

Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени ја погоди вечерва источна Турција..

Земјата силно се тресеше во областа Сивриџи, во провинција Елазигу, околу 20,55 часот по локално време (18,55 часот по средноевропско време), објави владината агенција за катастрофи.

Најмалку осум лица го загубија животот, изјави министерот за внатрешни работи. Најмалку 315 лица се повредени.

Некои жители на областа напишаа на страниците на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар дека нивните домови се тресат. Други напишаа дека делови од нивниот дом се оштетени. Локалните медиуми објавија дека се урнале неколку станбени згради.

Земјотресот се случи во 18,55 часот и епицентарот се наоѓа на 11 километри северо-источно од Доганол.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top