Расте популарноста на Трамп и шансите да биде реизбран

Рејтингот на популарноста на Доналд Трамп се подобрува во клучен момент во изборната година и ги зголемува неговите шанси за освојување на втор мандат во Белата куќа..

Додека Берни Сандерс убедливо победи на примарните избори во Невада и води во демкратскиот камп, новата анкета на „Галуп“ му даде на Трамп рејтинг на одобрување од 49 отсто и рејтинг на неодобрување од 48 отсто. Тоа е прва нето позитивна анкета за претседателот од почетокот на неговото претседателство во јануари 2017 година.

Просечните анкети за популарност на специјализирана веб-страницата покажуваат дека одобрувањето на Трамп расте од септември, кога започна постапката за импичмент.

Според анкетата на Си-би-ес од денеска, 65 отсто од Американците сметаат дека Трамп ќе победи во тесна трка против кандидатот на демократите.

Просекот на анкетите на realclearpolitics.com го става Трамп пониско за четири поени во однос на Сандерс во идеален натпревар за генерални избори.

Трамп одржува силна позиција во однос на изборниот колеџ кој го избира претседателот и кој му обезбеди пат до Белата куќа во 2016 година, и покрај тоа што освои три милиони гласови помалку од Хилари Клинтон на национално ниво.

Сандерс води пред Трамп во анкетите на универзитетот „Квинипиак“ оваа недела во Мичиген и Пенсилванија. Државата што Трамп ја освои со најмала разлика во 2016 година покрај Мичиген и Пенсилванија, беше Висконсин. Новата анкета оваа недела од „Квинипиак“ покажа дека Трамп ќе ги победи сите демократи во Висконсин за седум поени или повеќе.

Ако Висконсин е изгубен на демократите ќе им треба нивниот претседателски кандидат да освои друга држава од Трамп, освен Мичиген и Пенсилванија. Аризона и Флорида би можеле да бидат такви цели.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top