Ратификувањето на протоколот за НАТО предизвика судир меѓу партиите

Завршувањето на процесот за членство на земјава во НАТО предизвика судир меѓу политичките партии..

Од СДСМ се убедени дека Шпанија ќе го ратификува Протоколот пред да се распушти македонското Собрание. 

ДУИ вели дека ратификувањето на Договорот за членство во Собранието е услов за распуштање на законодавниот дом и, следствено, одржување на парламентарните избори.

„Конечно дојде денот кога нашата земја ќе се приклучи во наредните недели. Се надевам дека како што поддржа ДУИ, така и сите парламентарни партии ќе го поддржат ратификувањето на Договорот за членство во НАТО, што треба да биде претпоследната одлука на ова Собрание, затоа што треба да го одобриме најдоцна до 12 февруари, пред да се распуштиме, за да овозможиме одржување на предвремените парламентарни избори”-изјави Артан Груби, ДУИ .

Од друга страна, ВМРО ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Беса го поддржуваат предвременото ратификување на Договорот за членство на Македонија во НАТО.

„Собранието мора да го ратификува Договорот пред неговото распуштање и покрај епилогот од Шпанија. Фактот дека Шпанија ја формираше новата влада треба да се поздрави, но знаете дека Владата веќе го достави предлогот за ратификација на Протоколот и апелираме до Претседателот на Собранието да го стави на дневен ред што е можно поскоро“-рече Сурија Рашиди, Алијанса за Албанците .

„Доколку не се случи во редовна постапка во шпанскиот парламент, ние исто така би го поддржале протоколот предложен од Владата за да се исполнат сите услови што е можно поскоро земјава да има целосен статус на членство во НАТО”-рече Фадил Зендели, Движење Беса.

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ исто така се судрија околу Законот за одбрана, бидејќи опозицијата не го смени ставот дека нема да прифати преименување на армијата во Армија на Северна Македонија. Закон е задолжителен за членство во НАТО.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top