Разорни пожари во Калифорнија: Уништени околу 20 куќи, евакуирани се 130 лица

Разорни пожари се шират низ Калифорнија, поради што од вчера се вршат принудни евакуации од населбите околу Салтон Си, на јужниот дел на оваа американска сојузна држава..

Пожарот избувна во саботата во Ниланд, мало и сиромашно земјоделско место на околу 160 километри оддалечено од Сан Диего.

– Штетите сè уште се проценуваат, но досега се уништени околу 20 куќи, а евакуирани се 130 лица, изјави Линда Дејл, портпарол на округот Империјал.

Црвениот крст на САД за Јужна Калифорнија соопшти дека работи напорно за да обезбеди сместување за сите евакуирани.

Оваа сиромашна заедница во округот Империјал исто така е сериозно погодена од епидемијата на коронавирус, а околу 500 пациенти се пренесени во здравствени установи во соседните градови и окрузи.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top