Разрешувањето на Зврлевски како турска серија во осум продолженија

Денеска пратениците ќе го одржат 8-то продолжение на 6-та седница на која главна точка е разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски затоа што се исполнети законските услови за несовесно и несоодветно извршување на функцијата..

Сепак, од 5 јули досега седницата постојано се прекинуваше и презакажуваше, а за тоа најзаслужна е опозицијата и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои жестоко го бранат Зврлевски и не дозволуваат да се стигне до гласање, секако користејќи ги своите права за збор, реплики, контра реплики и процедурални забелешки за што вчера дојде и до мал инцидент. 

Антонио Молошоски побара процедурално збор, но спикерот Џафери му рече да почека да му дојде редот. По најавата дека ќе го викне собраниското обезбедување говорницата беше опколена од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои со жив штит го бранеа Милошоски.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top