Реакција на Павле Воскопулос: „Три магариња се караат за чуждо стебло“

Еден од раководителите на Виножито, македонската партија во Грција, Павле Воскопулос за трилатералната средба на лидерите на Грција, Бугарија и Србија во Солун на својот Фејсбук профил го напиша следново:.

„Лидерите на Грција, Србија и Бугарија на средбата во Солун, меѓу другото, според медиумите, зборувале и за македонското прашање. Истиот ден, пак, на претседателот на Европската Комисија Јункер, исто така во Солун, му се дава орден од еден грчки универзитет.

Накратко за грчките финти и за балканските комплекси:

1. Три магариња се караат на чуждо (туѓо) стебло - народна поговорка.

2. Прави му лице и „купувај“ странци-политичари, важни личности за да те поддржуваат за националните теми. Лицемерно лобирање, што е „трејд марк“ за Грција“.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска го пречека и претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер. Тој денеска стана почесен доктор на правните науки на Правниот факултет во Солун.

Во истиот град на средбата на Ципрас со српскиот претседател Александар Вучиќ и бугарскиот премиер Бојко Борисов, беше кажано дека се очекува суштински дијалог за изнаоѓање на заемно прифатливо решение за прашањето за името.

Извор: МКД.мк


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top