Реал и Барса во трка за играчот кој блеска сезонава

Одличните настапи сезонава кои се само надополнување на остварувањата во минатата сезона на Лаутаро Мартинез му донесоа уште поголем интерес, а неговата цена дополнително се зголеми..

Веќе познато е дека Барселона сака да го виде Аргентинецот во своите редови од идната сезона, на за тоа се прашува и Интер кој нема лесно да се откаже од својата ѕвезда.

Но најновите информации велат дека Каталонците добиле сериозна конкуренција за потписот на Мартинез и во екипата на Реал Мадрид.

„Кралевите“ наводно, е подготвен да ја плати клаузулата за раскинување на договорот на играчот, кој е поставен на 110 милиони евра од Интер.

Мартинез сезонава во дресот на „нераѕурите“ игра одлично. На 28 натпревари во сите натпреварување постигна 16 гола.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top