Реал Мадрид и официјално им дал ултиматум на Челси

Иднината на Матео Ковачиќ во Челси е целосно неизвесна, тој е пред заминувањео од Лондон, откако досега не падна договор за негов трансфер од Мадрид во Лондон..

Ковачиќ беше на позајмица една сезона, а главниот проблем е тоа што Челси се уште на врат има казна за трансфери, па околу тоа уште се шпекулира дали казната ќе им биде поништена и редуцирана, по која би можеле да го остварат трансферот.

Реал Мадрид им дал ултиматум на Челси дека до први мора да го решат прашањето или дилемата со статусот на Ковачиќ, затоа што во спротивно тие имаат планови за него и најверојатно ќе биде продаден во друг клуб.

Она на што Челси може да се надева е дека во следната недела, арбитражниот суд ќе им ја поништи казната од два трансфер периоди во кои неможат да купуваат играчи, па дури тогаш да го регистрираат Супер Марио Ковачиќ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top