Реал Мадрид во војна со Роналдо - го игнорираат како да не играл за нив!?

Што се случува во Мадрид никој не знае, ама Кристјано Роналдо остави силен белег за деветте години додека беше дел од мадридскиот великан..

Само што, ако ги прашате моментно на „Сантјаго Бернабеу“, очигледно португалскиот ас за нив не постои, ниту постоел.

Откако Роналдо си замина од Мадрид летоска за 117 милиони евра и потпиша за Јувентус, „кралскиот клуб“ на секој начин го игнорира Роналдо, па сето тоа дури станува и безобразно. Најголемиот дел од навивачите се чудат како на последната објава на Реал Мадрид за изборот на тим на годината, Роналдо само е споменат како дел од тимот, но не и како човек кој придонел во историската 2018 година, иако повеќе не е дел од клубот. А, како за потсетување половина година беше дел од мадридскиот великан и ја освои европската круна во Киев.

Во изборот на УЕФА петмина фудбалери се најдоа во најдобриот тим сосе Роналдо, но Реал елегантно го прескокна – објави само дека членови на единаесеторката се Рамос Варан, Марсело и Лука Модриќ.

Од поодамна официјалните профили на Реал Мадрид на Фејсбук, Твитер и Инстаграм престанаа да го следат Португалецот, што е невообичаено, особено што Манчестер јунајтед вака безобразно не се однесува, уште од моментот кога Португалецот замина на „Бернабеу“. И крајот не е тука, на сајтот посветен на легендите на клубот, нормално го нема Роналдо.

Прашање е дали некој сака да ги избрише страшните бројки на големиот голгетер кој на 450 меча даде 438 гола, освои четири европски титули, две титули, два купови на Шпанија, два европски суперкупови, три светски клупски првенства, четири „златни топки“...


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top