Ребалансот на буџетот чека потпис од Иванов, рокот истекува утре

Ако Иванов го пропушти рокот, треба на писмено да го извести Собранието за причините зошто не ставил потпис на ребалансот..

Изгласаниот ребаланс на буџетот шести ден ќека потпис од претседателот Ѓорге Иванов.

Утре е крајниот рок до кога тој треба да го стави својот потпис, но неофиијално, Иванов е на одмор надвор од државата. Ребалансираниот буџет во Собранието беше усвоен во неделата, а Иванов има рок од седум дена да го одобри.

Ако Иванов го пропушти рокот, треба на писмено да го извести Собранието за причините зошто не ставил потпис на ребалансот.

Сепак, според 24 Вести, ребалансот ќе биде потпишан во законскиот рок.

Со ребалансот на буџетот државните институции ќе имаат четириесет и седум милиони евра помалку за трошење. 



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top