Рецепт за природен лек против кашлица за сите членови на семејството

Во текот на зимските месеци настинката и кашлицата се речиси задолжителни кај секого..

Наместо бројните сирупи и лековите од аптека, ви предложуваме еден домашен лек против кашлица, без нуспојави и тешкотии во желудникот, кој може да го користат и најмладите членови на семејството.

Состојки за домашен лек против кашлица

– Мед (по можност домашен)

– Црна ротквица

Постапката на подготовка за лекот против кашлица

1. Издлабете го внатрешниот дел на ротквицата.

2. Во издлабениот дел сипете мед (водете сметка дека ротквицата ќе пушти сок и затоа не ја исполнувајте шуплината до самиот врв).

3. Ставете ја ротквицата во доволно широк сад кој ќе ви послужи како тацна

4. Оставете ја да отстои преку ноќ на собна температура

5. Добиениот сируп наутро пресипете го во сад со капак.

Бидејќи медот е збогатен со соковите од ротквицата нема нуспојави, можете да го пиете по ваша желба – на секој час, по „нападот“ на кашлица и секако пред спиење, со цел да го смирите грлото. Овој сируп е погоден  за децата од најрана возраст.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top