Речиси 1.000 тестирани во Премиер лигата, два позитивни случаи

Англиската Премиер лига објави дека по втората рунда тестирања позитивни на новиот коронавирус се само две лица, а вупно се тестирани 996 лица..

Тестирањата на играчите и членовите на сите 20 англиски премиерлигаши беа објавени во четвртокот на 21 мај и во петоккот на 22 мај.

За потсетување, по тестирањата на 17 и 18 мај се појавија шест позитивни тестови од вкупно 748 тестови меѓу вработените кај членовите на премиерлигашките клубови.

Како што е тоа праксата, Премиер лигата не сакаше да ги открива идентитетите на заразените лица.

Секој клуб во Премиер лигата во текот на неделата добива 100 теста. Од вторникот на клубовите им е дозволено да тренираат во помали групи, а целта е сезоната да заврши на 12 јуни.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top