Реформаторите во ВМРО бараат Специјално обвинителство од траен карактер

Да се формира Специјално јавно обвинителство за борба против корупцијата од траен карактер.

Да се формира Специјално јавно обвинителство за борба против корупцијата од траен карактер, предлагаат од иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

-СЈО формирано согласно Пржинскиот договор е проблематично од причина што доби материјали врз база на кои почна ги гони само луѓе од ВМРО-ДПМНЕ.Ако СЈО се формираше како институција од траен карактер,која ќе ги истражува политичките и бизнис елитите, ќе беше многу поуспешно-рече Петар Богојески од иницијативата за демократизација и модернизација на ДПМНЕ.

Тој додаде дека Пржинскиот договор бил потпишан од ВМРО-ДПМНЕ иако раководството на партијата не за тоа добило легитимитет од партиските органи.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top