Река: Не сме подготвени да ги испоарачаме 4 клучни критериуми кои ни ги побара Европскиот совет

Кога реков пред неколку месеци дека нема да добиеме датум за преговори во јуни, цела влада велеше ќе има датум. Сега и вицепремиерот Османи и премиерот Заев ретерираат, рече кандидатот за претседател Блерим Река.

-Ние немаме институционален и административен капацитет како што рече и министерот за информатичко општество и администрација, Манчевски да испорачаме клучни критериуми за ЕУ зошто во последната година не сме ангажирале високи експерти и затоа ќе биде тешко да добиеме датум, рече Река.

Тој појасни „со други зборови не знам дали владата има еден или два става што се однесуваат на датумот за преговори“.

-Никогаш не сум рекол не сакам да добиеме датум туку дека не сме подготвени како Влада да ги испорачаме барањата на евроспкиот совет од минатата година, рече Река.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top