Рекорд и во Бугарија, 819 новозаразени со коронавирус

Во изминатите 24 часа во Бугарија се потврдени 819 случаи на коронавирус од 5.898 тестирани граѓани..

Тоа е првпат бројот на новозаразени со коронавирус во Бугарија да надмине 800.

Вкупниот број на заразени во Бугарија достигна 26.593, според податоците објавени на официјалната веб-страница coronavirus.bg.

Во моментов има 9.175 активни случаи на инфекција, а стапката на позитивност е 13,88, според агенцијата БТА.

Хоспитализирани се 1.380 пациенти со коронавирус, а 67 од нив се на интензивна нега.

Пријавени се уште шест смртни случаи, а од почетокот на пандемијата починале вкупно 929 лица.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top