Ременски: Бев повикана како лице од кое се бараа известувања во врска со „Рекет“

По повеќе од два часа во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, пратеничката Фросина Ременски излезе од просториите и во изјава за медиумите појасни дека била повикана како лице од кое се земаат одредени известувања.

„Сите прашања поврзани со Меѓународниот сојузи и облигационите односи што ги има со лица и фирми, јас немам лично присуство, во контекст на она што беше побарано да го дадам како одговор на одредени прашања јас го одговорив. Убаво е да се интересирате за одредени случаи, но сепак останатите прашања ќе ги оставам на надлежните органи. Ќе се воздржам од коментари дали мојата функцијата била злоупотребена или не", изјави Ременски по излегувањето од распитот во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

Во врска со тоа дали знаела за зделките и каде одат парите од Меѓународниот сојуз, Ременски повтори дека и во време кога опозицијата го споменувала нејзиното име таа јасно стоела на став дека случајот треба да се истражи и дека околу тоа нема ништо против.

„Јас квалификации за тоа што правел меѓународниот сојуз ќе ги оставам на надлежните органи, по прашање на гриза на совест е индивидуална категорија на секој поединец и сите ние имаме одговорност и ситуации кога и другаруваме и сме во роднинска врска со луѓе кои сториле или не сториле нешто. Но, тоа не значи дека треба да имаме грижа на совест", додаде пратеничката во изјавата.

Во врска со тоа дека постојат фотографии со неа и Боки 13 таа појасни дека не значи дека сите кои се фотографирале со него се инволвирани во „Рекет".


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top